Проблеми за „зебрите“ – без леви крила на Ф4!

Тимот на Кил ќе биде ослабен на претстојниот завршен турнир во Лигата на шампионите што ќе се игра утре и во вторник во „Ланксес Арена“.

Иако левото крило Магнус Ландин доби негативен тест во текот на вчерашниот ден, тој нема да игра на Ф4, пишува данската ТВ2.

Заедно со Павел Хорак и Домагој Дувњак, Ландин беше во само изолација која заврши вчера, но не е подготвен за натпревари.

Покрај Ландин, стратегот на „зебрите“, Филип Јиха, има проблеми и со повредата на Руне Дамке, па веројатно ќе мора да импровозира со некои од играчите на другите позиции што ги има на располагање или да му даде шанса на Малте Вогт.

Кил ќе се сретне со Веспрем во второто полуфинале од 20:30 часот, додека претходно ќе се соочат Барселона и ПСЖ од 18:00 часот.