Проблеми во Србија: Нема кој да го суди финалето меѓу Војводина и Партизан

Денес со почеток од 18:00 часот ќе се одигра вториот финален дуел меѓу Војводина и Партизан во српскиот шампионат.

Ракометната федерација на Србија има големи проблеми за овој натпревар, бидејќи најпознатата српска судиска двојка Душан Стојковиќ и Ненад Николиќ одби да го суди овој дуел.

Стојковиќ и Николиќ, кои имаат големо искуство со делењето правда на ракометните терени, имаат судено и финале во Лигата на шампионите во Келн, за српските медиуми истакнаа дека не се задоволни од односот на Ракометната федерација на Србија.

Двајцата судии, исто така не се задоволни од тоа како биле делегирани во оваа сезона. Според нив, тие со своето реноме и искуство заслужувале да судат поквалитетни натпревари на домашна сцена.

„Mожат да купат било кој играч, но не можат да купат навивачи“