Прилеп се раздели со двајца ракометари – збогум за Шокоски и Гавашелишвили (ФОТО)

Екипата на Прилеп, која обезбеди опстанок во македонската елита, во последното коло од плеј-аут фазата славеше против Голден Арт со 31:25.

Пред започнувањето на дуелот, од страна на раководството на домашниот клуб беа доделени благодарници за двајца ракометари.

На крајот на оваа сезона тимот на Прилеп ќе го напуштат левиот бек Давор Шокоски, кој беше меѓу најдобрите стрелци во Супер лигата, како и репрезентативецот на Грузија, Миран Гавашелишвили, кој токму во прилепскиот тим го имаше првиот интернационален предизвик во својата кариера.

,,Беше чест и задоволство да се биде капитен на оваа група момци, капитен во градот во кој израснав, во градот каде ги направив првите ракометни чекори и каде израснав како играч. Ова не е збогум, ова е само до следно видување. Со срце за ПРИЛЕП”, напиша Шокоски на социјалните мрежи.