Прилеп се поднови со ракометар од Грузија

Екипата на Прилеп за понатамошниот тек од сезоната се засили со нов ракометар.

Станува збор за репрезентативецот на Грузија, Уча Гамзардија, кој својот деби настап за Прилеп го имаше во натпреварот против Струга.

Искусниот ракометар од Грузија настапува на позицијата среден бек и заедно со неговиот сонародник Мириани Гавашелишвил ќе ја дели минутажата на теренот.

Прилеп со новото засилување ќе биде поконкурентен за остатокот од сезоната и ќе се обиде да го сочува суперлигашкиот статус.

Ракометарите на Прилеп по четири одиграни натпревари во Суперлигата се наоѓаат на 7. позиција на табелата во групата А со биланс од три порази и едно реми.

Во следното петто коло, екипата на Прилеп на свој терен ќе ја брка првата победа против Вардар Неготино.