Прилеп и Струга го отвораат 6. Меморијален турнир „Миле Нешкоски“

Со натпреварот меѓу домаќинот Прилеп и тимот на Струга денеска се отвора Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ на кој учество ќе земат четири суперлигаши, еден прволигаш и еден тим од Србија.

Натпреварите од групната фаза се играат денеска и утре. После денешните два дуели за утре се предвидени по две средби наутро и попладне така што секој тим ќе има по две средби пред натпреварите за пласман кои ќе се играат в четврток.

Денеска покрај Прилеп и Струга на терен ќе се најдат и составите на Дубочица и ГА КЛ 7 така што ќе можат да се следат две интересни средби, но само преку пренос на Youtube бидејќи немада има можност за публика на трибините во Р. Р. Ричко.

Ова е 6. издание на Меморијалниот турнир кој е во сеќавање на поранешниот ракометар на Прилеп, Миле Нешкоски.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ВТОРНИК, 31 АВГУСТ

18:00ч

ПРИЛЕП – СТРУГА

20:00ч

ДУБОЧИЦА – ГА КЛ 7

СРЕДА, 1 СЕПТЕМВРИ

10:00ч

СТРУГА – ТИКВЕШ

12:00ч

ГА КЛ 7 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

18:00ч

ПРИЛЕП – ТИКВЕШ

20:00ч

ДУБОЧИЦА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

ЧЕТВРТОК, 2 СЕПТЕМВРИ

09:00ч

НАТПРЕВАР ЗА 5. МЕСТО

11:00ч

НАТПРЕВАР ЗА 3. МЕСТО

13:00ч

ФИНАЛЕ