Признание за одличната партија: Ристовски доби место во идеалниот тим на колото (ВИДЕО)

Втора недела по ред, од европскиот шампион Вардар има претставник во идеалниот тим на колото во Лигата на шампионите.

По Столе Стоилов, кој минатиот пат се најде во изборот, сега голманот Борко Ристовски доби заслужено место во најдобрата седморка.

Голманот на „црвено-црните“ забележа 18 интервенции и постигна четири погодоци, па ЕХФ немаше дилеми, дека Ристовски треба да биде во идеалниот тим.

Покрај него во тимот се најдоа и двајцата некогашни вардарци, Игор Карачиќ и Алекс Душебаев, по одличната партија за Келце против ПСЖ.

 

 

Тим на колото:

Голман: Борко Ристовски – Вардар
Лево крило: Тилен Кодрин – Целје
Лев бек: Сандер Сагосен – Кил
Среден бек: Игор Карачиќ – Келце
Десен бек: Алекс Душебаев – Келце
Десно крило: Никлас Екберг – Кил
Пивот: Виктор Итуриза – Порто