Преспа со девет играчи не издржа против Драчево

Преспа против Драчево во рамките од Првата лига со девет играчи се држеше само едно полувреме, во второто полувреме Драчево го реши натпреварот и дојде до висока победа од 24:37.

Натпреварот беше отворен со головите на Били Мишковски од Преспа и Александар Димовски oд Драчево. Првата серија Драчево ја направи при 2:2 кога поведе со 2:5. Домаќините возвратија и се вратија на минус еден, а до крајот на полувремето Драчево ја врати повисоката предност и на полувреме замина со 11:15.

Финишот во првото полувреме практично беше најава за она што следуваше во вториот дел кога Драчево целосно ја преземе контролата на натпреварот и предноста до крајот само растеше. На крајот гостите запишаа победа од 13 разлика.

Најефикасни во победничкиот состав беа Димитар Петковски, Димовски Александар и Дабевски Филип со по осум гола. Во редовите на Преспа Леровски Арбен и Божиновски Андреј беа стрелци на шест гола.