Прерано згасна животот на млад навивач, вардарци емотивно се збогуваа (ФОТО)

Ракометарите на Вардар беа поразени од унгарскиот Веспрем со 22-30 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

По мечот, „Комити“ и вардарци му оддадоа почит на прерано починатиот млад член на навивачката група.

„Со голема жал ја примивме веста за прераната смрт на членот на Млада Екипа Комити Ченто, Бојан Арсенов. Сочуство до неговото семејство. Бог да му дарува царство небесно. Почивај во мир, Боки!“ порачаа Комити.