Пред десет години му бараше автограм, вчера не го пушти да мрдне на терен (ФОТО)

Репрезентативецот на Исланд, Теитур Орн Ејнарсон одигра одличен натпревар против Франција, а на истиот имаше можност да игра против својот идол, Никола Карабатиќ од кој пред десет години бараше автограм.

Ејнарсон има 21 година, а успеа да исполни свој голем сон, а фотографијата со Карабатиќ пред десет години ја објави неговата мајка Тирудир Ингварсдотир, која се потсети за сонот на својот син.

За десет години многу работи се сменија. Теитур стана професионален ракометар кој успеа да се избори и за место во репрезентацијата на Исланд која игра во добра форма на Европското првенство. Сега може да игра против својот идол и тоа го направи на најдобар можен начин.

Карабатиќ сега има 35 години и долго е на терените, додека кариерата на Ејнарсон е почеток. Дефинитивно еден од моментите кои го одбележуваат  овој шампионат.