Прв новак во Богданци: Младост се засили со повратник од Германија

Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија вчера ја потврди претходната одлука за проширувањето на Суперлигата и следната сезона во елитата ќе играат 16 екипи.

Пласман во Суперлигата обезбедија и шест прволигаши, меѓу кои и повратникот Младост Богданци.

Богданчани сериозно си ја сфатија работата и веќе почнаа со формирањето на играчкиот ростер.

Првото засилување за Младост е повратникот од Германија, Иван Стојчевски. Десното крило играше три сезони за нисколигашите Бретен и Книтлинген, а од лето ќе се врати дома.

Младост е во преговори со уште неколку домашни и странски ракометари, а од понеделник би требало да ги обезбедат и нивните потписи.