Прв интернационален предизвик: Даниел Андоновски потпиша за Босна Високо!

Еден од најдобрите млади ракометари минатата сезона во суперлигашкото друштво, Даниел Андоновски, ќе го има првиот интернационален предизвик.

Андоновски се сели во Босна и Херцеговина и следната сезона ќе го носи дресот на тимот Босна Високо.

Во тимот на Прилеп, Андоновски најчесто играше на десната бековска позиција, но може да одговори на задачите и како лев и среден бек. Силна страна му е играта во дефанзива.

Андоновски покрај за Прилеп и матичниот Охрид, една сезона настапуваше и за тимот на Вардар Јуниор.

Покрај Адноновски, тимот на Босна Високо ги засили редовите со најдобриот стрелец на црногорското првенство, Милош Кривокапиќ, како и уште еден црногорски интернационалец, Немања Ѓурашковиќ.