Прволигашкото дерби привлече многу внимание: Во Автокоманда беа Алтхаус, Радуловиќ, Црвенкоска…

Екипите на Шампион и Скопје 2020 одиграа интересен натпревар за финиш на сезоната во плеј-офот во Првата машка лига.

Гостите со победата од 30:26 се изборија за првото место и за директен пласман во Супер лигата.

Во Автокоманда беа присутни многу ракометни работници и екс ракометарки и ракометари.

Меѓу сведоците на мечот за титула во Првата лига беа Ања Алтхаус, Билјана Црвенковска, Валентина Радуловиќ, Никола Матлиески, Владимир Глигоров, Миле Бочкаровски…