Прволигашите на ПРОТЕСТ пред Владата!

Прволигашките ракометни клубови, заедно со кошаркарските второлигаши, соопштија дека нема да продолжат да се натпреваруваат во нивните лиги поради процедурата за добивање на ваучери кои ги вети државата.

Овој проблем не е решен веќе неколку месеци, па прволигашите најави протест, пред Владата на Република Македонија.

„Ракометните и кошаркарските клубови од понискиот ранг на натпреварување го продолжуваат својот бојкот во сениорските и млади категории поради недобиените ваучери од страна на АМС. На 03.11.2019 (недела) во 12 часот своите натпревари ќе ги продолжат пред Владата во форма на мирен протест под мотото ‘Политиката надвор од спортот’. На протестот ќе земат учество членовите и играчите на сите ракометни и кошаркарски клубови кои не добија ваучер од целата држава. Воедно, ги повикуваме сите поддржувачи и љубители на спортот, клубови од највисокиот ранг и преставници на ракометната и кошаркарска федерација да ја дадат својата подршка со активно учество на самиот протест“, се вели во соопштението.

Информацијата за бојкотот беше соопштена пред десетина дена на прес конференција.