Прва задача за Начевски и Николов, судат дуел од четврт-финале на Супер Глоуб

Најдобрата судиска двојка од Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ја има првата задача на Светското клупско првенство во Саудиска Арабија и денеска ќе биде дел од вториот натпревар на кој се среќаваат тимовите на Ал Нор и Пињеирос.

Начевски и Николов ќе судат на дуелот од 14:30 часот, а на овој натпревареден од петте делегати е и Драган Начевски.

Покрај на оваа средба, Драган Начевски ќе биде меѓу делегатите и на последниот дуел денеска од 19 часот меѓу Барселона и Ел Замалек.