Првата лига ќе се игра со 17 екипи, нема промени на групите и распоредот!

Првата лига ќе стартува претстојниот викенд, без три екипи од оние што беа планирани и наместо со 20, ќе се игра со 17 екипи.

Тимовите на Работнички, Ангели Волково (Ѓорче Петров) и Риниа нема да бидат дел од прволигашката конкуренција, па така во групата А ќе играат 9 екипи, додека во групата Б остануваат 8 екипи.

Нема да има нова ждрепка, ниту промена на составот на групите, следствено на тоа ниту на распоредот кој беше објавен по првата ждрепката.

Тоа значи дека од групата А во секое коло ќе има слободна по една екипа, додека од групата Б во секое коло ќе бидат слободни по две екипи.

Прва лига, 2022/23, распоред, 1 коло:

група А
Бисинов – Текстилец
Кичево – Јехона
Македонија Ѓорче Петров – Овче Поле
Мулти Есенс – Шампион
Младост слоб.

група Б
Борец – Преспа
Астраион – Аеродром
Партизан Гевгелија – Металург РА
Голден Арт 2 слоб.
Драчево слоб.