Првата лига ќе се игра по групи

Во следната сезона во Првата лига најверојатно ќе играат 19 екипи. Рокот за пријавување на екипите беше до 1 јули, а во Ракометната федерација стигнаа 19 пријави, иако не е исклучено да има и повеќе доколку има пријави по пошта.

Во однос на екипите од минатата сезона, ќе има неколку нови екипи што се пријавени во прволигашкото друштво. Според информациите на 24Ракомет, станува збор за екипите на Овче Поле од Свети Николе, Бисинов од Велес, Алкалоид 2…

Според тоа што беше најавено на Собранието на РФМ, доколку се пријавени повеќе од 14 екипи, ќе се игра во две групи, со плеј-оф и плеј-аут во пролетниот дел од сезоната во кои ќе се сметаат резултатите од натпреварите одиграни со екипите од истата група.

Минатата сезона од Првата лига дури пет екипи обезбедија место во елитната конкуренција, а оваа сезона тоа ќе биде случај со екипите што ќе бидат на првата и втората позиција, додека третопласираната екипа ќе игра суперлигашки бараж.

Датумот за ждрепката на групите и распоредот со термини ќе бидат дополнително познати.