Првата лига со 20 екипи, камбек на Риниа и Овче Поле – познати шеширите пред ждрепката

Во новата сезона од Првата лига ќе играат 20 екипи, што е за една повеќе од минатата сезона кога во две групи играа 19 екипи.

Има шест нови тима што се пријавија за учество, од кои два прават камбек во прволигашката конкуренција.

Новите екипи се Ангели Волково, Бисинов, Голден Арт 2, Мултиесенс (Алкалоид 2), како и двете екипи што се враќаат во прволигашкото друштво – Овче Поле и Риниа.

Ждрепката за прволигашките групи ќе се одржи на 7 јули од 12:00 часот, кога ќе биде потврден и распоредот за новата сезона.

Стартот на новата сезона би требало да биде на 10/11 септември, една недела подооцна од суперлигашите, а во март 2023 ќе биде финиширан регуларниот дел пред да почнат плеј-офот и плеј-аутот.

Распоредот по шешири на екипите е направен по пласманот минатата година во Првата лига, а новите екипи се додадени во последните три шешири.

Шешири пред ждрепка за Прва лига:

шешир 1: Аеродром, Младост Богданци
шешир 2: Драчево, Работнички
шешир 3: Јехона, Металург РА
шешир 4: Македонија ЃП, Астраион
шешир 5: Борец, Текстилец
шешир 6: Кичево, Преспа
шешир 7: Шампион, Партизан
шешир 8: Ангели Волково, Бисинов
шешир 9: Голден Арт 2, Мултиесенс
шешир 10: Овче Поле, Риниа