Пранди останува верен на ПСЖ!

Екипата на ПСЖ, откако пред извесен период ги продолжи договорите со Матеј Гребиј и Лук Стеинс, раководството на ,,светците” успеа во своите редови да го задржи и левиот бек Елохим Пранди.

Младиот репрезентативец на Франција реши дресот на ПСЖ да го носи уште три сезони, па така во тимот на Раул Гонзалез ќе настапува до јуни, 2026 година.

Пранди во ПСЖ пристигна во текот на 2020 година од тимот на Ница каде што играше три сезони. Во својата кариера настапуваше и за екипата на Иври.

Статусот на сениорски репрезентативец на Франција го стекна во 2019 година и со ,,триколорите” настапи на Европското првенство во 2020 година.

24-годишниот ракометар го пропушти континенталниот собир оваа година, откако во еден немил настап во Париз беше шест пати избоден со нож.

Членот на ПСЖ не настапи ниту на Мундијалот во 2021, кој се одржуваше во Египет, поради повреда на левото рамо.