По 14 дена карантин, пак се вратија на тренинзи

Во текот на вчерашниот ден, црногорскиот првак Будуќност повторно ги стартуваше тренинзите во пресрет на новата сезона.

На 25 јули, првиот позитивен случај беше потврден, но не беше објавено за која ракометарка станува збор. Веднаш беа прекинати подготовките во Колашин и сите останатите ракометарки и стручниот штаб заминаа во самоизолација.

Сега има нови позитивни случаи, но тие ракометарки остануваат дома, а ќе тренираат оние кои го минаа 14-дневниот карантин.

„Не одработивме ниту еден тренинг во комплетен состав, а се надевам дека тоа во иднина ќе биде можно и дека ќе можеме да влеземе во форма пред стартот на новата сезона во Лигата на шампионите“, вели тренерот Драган Аџиќ.