По Јагањац, Келце ќе го прати и Додиќ на позајмица

Ракометарот од Србија, Стефан Додиќ на лето заминува од Македонија бидејќи потпиша четиригодишен договор со Келце.

Сепак, во Келце има премногу ракометари, дури и за два тимови, па така дел од новите членови ќе играат на позајмица во други клубови.

Претседателот на Келце, Бертус Сервас, најави дека Додиќ ќе оди на позајмица.

„Голема е веројатноста, 99%, дека Стефан ќе оди на позајмица. Дали тој ќе остане во Полска? Не можам да кажам ништо конкретно, но наскоро ќе ја објавиме неговата следна дестинација“, вели Сервас за „Спортове Факти“.

Од следната сезона нови ракометари во Келце освен Додиќ ќе бидат и Халил Јагањац, Елиот Стенмалм, Ноа Зубац, Сташ Скубе, Недим Ремили и Беноа Конку, но освен Французите и Скубе, другите ќе играат на позајмица во други клубови од Европа.

Хрватскиот лев бек Јагањац ќе игра во Бундес лигата, во дресот на Рајн Некар Левен.