По Холандија, падна и Бразил – трофејот за „кралиците на шокот“

Во рамки на ЕХФ неделата дел од репрезентациите играат контролни средби. Хрватска како домаќин со победата над Бразил од 24:21 го освои првото место на турнирот „Кроација Куп“.

И двете репрезентации играа цврста одбрана во првото полувреме, па ниту една од нив не можеше да има поголема предност од два гола разлика. По 30. минути игра резултатот беше нерешен, 12:12.

Во второто полувреме, Хрватска имаше неколку грешки во нападот, а репрезентацијата на Бразил не успеа да ја искористи слабата игра и дозволи противникот да го преземе водството. Во последните десет минути, Хрватска имаше два разлика, 18:16, и рутински го одржуваше самото водство до крајот на натпреварот.

Најефикасна во составот на Хрватска беше Дејана Милосављевиќ со седум гола, додека во поразената екипа на Бразил се истакна Бруна Де Паула со пет гола.

На турнирот освен Хрватска и Бразил учествуваше и актуелниот светски шампион, Холандија. Репрезентацијата на Хрватска со својата моментална форма сигурно ќе важи за еден од главните фаворите на Светското првенство во Шпанија кое ќе се одржи во декември.