По Манасков и Маневски, Македонија ќе има уште еден претставник на Ф4 во Келн

По Дејан Манасков и Диммитар Маневски, Македонија ќе има и трет претставник на завршниот турнир во Лигата на шампионите во Келн.

Во „Ланксес Арена“ во Келн, на Ф4 ќе биде и делегатот Драган Начевски, кој на првиот ден ќе биде дел од официјалните лица на дуелот меѓу Барселона и Кил.

Тој меч ќе се игра на 18 јуни од 18:00 часот, додека од 15:15 во првото полуфинале ќе игра Веспрем на Манасков и Маневски против Келце.

На финалниот натпревар, што ќе се игра на 19 јуни од 18:00 часот, судии ќе биде Хрватите Матија Губица и Борис Милошевиќ.