Црвена Ѕвезда донесе десен бек од Израел

Тимот на Црвена Ѕвезда посакува да има поважна улога во следната сезона од српскиот шампионат.

За таа цел веќе ангажираше неколку засилувања, меѓу кои најново име е десниот бек од Израел, Ротем Сегал.

Тој доаѓа од тимот на Макаби Ришон Ле Зион, од каде што исто така доаѓа и кружниот напаѓач Бранко Канкараш.

Тренерот останува некогашниот стратег на Пелистер, Ратко Ѓурковиќ, додека директор поранешниот лев бек на Вардар, Огнен Кајганиќ.

Во меѓувреме тригодишен договор потпиша голманот Никола Периќ од Динамо Панчево, десниот бек Милош Бујишиќ, како и туниското десно крило Рамзи Мајдуб.