Почнува изборот на ол-стар тимот на ЕП, се гласа за 48 играчи

Дел од ракометарите кои играа во вториот круг на Европското првенство добија место во потесниот избор на ракометари за ол-стар тимот. Вкупно 48 играчи се во трка за седумте позиции и за местото најдобар дефанзивец.

За секоја позиција има по шест играчи така што секој од играчите има свои шанси доколку добие најмногу гласови од фановите.

Се гласа на следниот ЛИНК.

Во потесниот избор се најдоа следните ракометари:

ГОЛМАНИ: Виктор Киреев (Русија), Винсент Жерар (Франција), Виктор Халгримсон (Исланд), Кевин Мелер (Данска), Гонзало Перез де Варгас (Шпанија), Небојша Симиќ (Црна Гора).

ЛЕВИ КРИЛА: Себастијан Бартолд (Норвешка), Бјарки Мар Елисон (Исланд), Анхел Фернандез (Шпанија), Емил Јакобсен (Данска), Милош Вујовиќ (Црна Гора), Хампус Ване (Шведска).

ЛЕВИ БЕКОВИ: Сергеј Марк Косоротов (Русија), Агустин Касадо (Шпанија), Микел Хансен (Данска), Јулијан Кестер (Германија), Тин Луцин (Хрватска), Шимон Сичко (Полска).

СРЕДНИ БЕКОВИ: Дмитри Житников (Русија), Јим Готфридсон (Шведска), Кентин Мае (Франција), Сандер Сагосен (Норвешка), Лук Стеинс (Холандија), Филип Вебер (Германија).

ДЕСНИ БЕКОВИ: Матијас Гидсел (Данска), Омар Инги Магнусон (Исланд), Иван Мартиновиќ (Хрватска), Дика Мем (Франција), Харалд Рајнкинд (Норвешка), Кај Смитс (Холандија).

ДЕСНИ КРИЛА: Кристијан Бјорнсен (Норвешка), Валтер Хринц (Шведска), Иван Чупиќ (Хрватска), Алеиш Гомез (Шпанија), Сигвалди Гудјонсон (Исланд), Аркадиуш Морито (Полска).

ПИВОТИ: Самир Бенганем (Холандија), Адријан Фигерас (Шпанија), Јоханес Гоља (Германија), Марино Мариќ (Хрватска), Магнус Саугструп (Данска), Никола Турна (Франција).

ДЕФАНЗИВЦИ: Павел Андреев (Русија), Оскар Бергендал (Шведска), Имир Гисласон (Исланд), Хедеон Гвардиола (Шпанија), Симон Халд (Данска), Карл Конан (Франција).