Почна учебната година во Париз: Карабатиќ и колегите на прв школски час (ФОТО/ВИДЕО)

Еден од главните кандидати за титулата во Лигата на шампионите и противник на Вардар во групната фаза, ПСЖ од денеска ги стартуваше подготовките за новата сезона.

Ракометарите се вратија на обврските, а првиот ден им мина со почитување на превентивните мерки поради пандемијата со коронавирусот односно со носење заштитни маски и со мерење на температура пред влезот во салата.

Никола Карабатиќ се пошегува на својот профил на Инстаграм и напиша: „Прв ден на училиште“. Коментарот беше за фотографијата каде пристигнува во салата и му мерат температура.

Инаку, ПСЖ ќе биде ривал на Вардар во оваа сезона, па ќе гостува во Скопје, но дали тој дуел ќе се игра пред публика или не останува да се види.