Почна седумдневниот маратон, со прва победа за Израел во квалификациите

Репрезентациите на Израел и Литванија го отворија седумдневниот ракометен маратон во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година. Израел ја оствари првата победа во третиот меч откако славеше над Литванија со 34:28.

Почетните минути поминаа во изрманета игра до резултат 4:4. Следуваше период во кој Израел направи предност која успешно ја чуваше, а во продoлжението со серија од 4:0 дојде до највисоко водство од 12:7. До крајот на првиот дел Литванија успеа да намали па на полувреме беше 15:11.

Во второто полувреме Израел не дозволи противникот да се доближи и постојано одржуваше три или четири позитива. До крај на натпреварот стигна и до највисоко водство од осум гола и немаше проблеми да стигне до победата.

Сиди со 11 погодоци го водеше тимот на Израел до триумф, а седум гола постигна Лумбросо. Во составот на Литванија најефикасни беа Урбонас со осум гола и Вирбаускас со седум. Израел веќе утре ќе има нов предизвик и ќе се сретне со Исланд.