Почна ловот на ѕвездите на Келце – Барса го бара Каралек!

Полскиот првак Келце е во големи финансиски проблеми, па другите големи клубови веќе почнаа да ги бараат нивните ракометари.

Европскиот првак Барса е во потрага по кружен напаѓач бидејќи на лето заминува Лудовик Фабрегас во Веспрем.

Потрагата се чини заврши во Полска. Барса го пикира Артем Каралек, Белорусинот кој има договор до 2025 година, пишува „Мундо Депортиво“.

Финансиските проблеми на Келце може наскоро уште повеќе да земат замав, па за соодветна оштета, Каралек би можел да си замине предвреме.

Каталонскиот гигант на линијата од шест метри го има на располагање уште португалскиот репрезентативец Луиш Фраде.