Пофалби за вардарецот: Гаџа е одличен, заедно со Шипиќ се добар тандем

Репрезентацијата на Хрватска имаше половичен биланс на пријателските натпревари против незгодната Русија. Избраниците на Хрвоје Хорват во првиот дуел беа убедливи и славеа со 30-24, додека на вториот загубија со два гола разлика, 26-28.

Во отсуство на Циндриќ и Дувњак, главната улога на средната бековска позиција ја имаше Анте Гаџа, членот на македонскиот шампион Вардаар. Гаџа постигна два погодоци од три обиди и имаше неколку одлични асистенции кон неговите колеги на првиот меч, додека на вториот даде исто така два.

Прославениот хрватски голман, Владо Шола, кој беше дел од златната генерација на неговата репрезентација, во разговор за „Нет“ имаше позитивен коментар за играта на Анте Гаџа против Русите, особено на првиот меч.

„Мислам дека ни е многу тешко да играме 5-1 во оваа ситуација, 6-0 ми изгледа подобро. Иако со 6-0 имаше многу проблеми во одредени фази од играта. Во некои моменти, ракометарите играа на високо ниво, што мене лично ми се допадна, но некако ми се чини дека тоа траеше многу кратко. Тоа се однесува за одбраната, а нападот беше во ред, индивидуална улога имаше малиот Мартиновиќ, 30 минути одлична игра. Гаџа во соработка со пивот два на два беше одличен. Штета што Шипиќ не ги постигна тие голови во првото полувреме, но тоа е таква игра два на два, која Хорват ја извлече од помладата репрезентација. Гаџа и Шипиќ се многу, многу добар тандем“.

На Европското првенство, ракометарите на Хрватска за противници ги имаат селекциите на Франција, Украина и Србија во рамките од Групата Ц.