Потера по најдобриот суперлигашки стрелец

Најдобриот стрелец во Суперлигата за штотуку завршената сезона, Давор Палевски, има неколку понуди за продолжување на кариерата. Левото крило постигна 190 погодоци на 17 меча и го привлече вниманието на многу македонски и странски клубови.

Тука е неговиот клуб Работнички, кој сака да го задржи во своите редови, а интерес уште на полусезоната покажа Металург.

Тимот на Пролет исто така го посакува во своите редови, додека последните неколку дена се зборуваше и за интерес уште од два суперлигаши.

Не изостануваат ниту понудите од странство. Преговорите меѓу Палевски и една швајцарска и португалска екипа се веќе започнати, па наскоро ќе биде познато каде поранешниот младински репрезентативец ќе ја продолжи кариерата.