Потврдено: Македонија од втор шешир ја чека ждрепката за СП во Полска и Шведска!

Maшката репрезентација на Македонија ја очекува осмиот настап на Светско првенство. Ждрепката за Полска и Шведска, нашите ракометари ќе ја чекаат од вториот шешир.

Тоа значи дека ги избегнуваат Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Црна Гора, Бразил и еден од домаќините, Полска, а нема да играат ниту против Франција и африканскиот првак.

Досега се познати 24 учесници, а до ждрепката на 2 јули ќе бидат познати уште три – шампионот од Северна Америка и Кариби, како и двете вајлд-карти што ќе ги додели ИХФ.

Дополнително ќе бидат познати уште пет учесници од африканската зона, бидејќи нивното првенство ќе се одржи од 11 до 18 јули во Египет.

Домаќините на СП, Полска и Шведска, веќе распределија дел од репрезентациите што имаат обезбедено мундијалски билет по градовите домаќини. Шпанија и Норвешка ќе играат во Краков, додека Полска во Катовице. Шведска ќе игра во Гетеборг, додека Данска во Малме. Исланд е домаќин во Јончепинг, Германија во Катовице, додека Хрватска ќе игра во Кристијанштад.

Мундијалот во Полска и Шведска ќе се игра од 11 до 29 јануари.

група А (Краков) – Шпанија
група Б (Катовице) – Полска, Франција/Африка 1
група Ц (Гетеборг) – Шведска
група Д (Јончепинг) – Исланд
група Е (Катовице) – Германија
група Ф (Краков) – Норвешка
група Г (Кристијанштад) – Хрватска, Франција/Африка 1
група Х (Малме) – Данска