Потврдено: Вардар го чека Нексе на 23 август, битолчани два дена подоцна ќе играат со Мешков

СЕХА лигата ги потврди термините и саатниците што веќе ги најави 24Ракомет за четвртфиналните средби од тековната сезона.

Македонските претставници Вардар и Еурофарм Пелистер на домашен терен ќе ја имаат шансата да изборат место на завршниот турнир во Задар.

Вардарци во СЦ „Јане Сандански“ ќе го пречекаат хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице од 20:15 часот.

Два дена подоцна, на 25 август во „Боро Чурлевски“, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе играат со белорускиот Мешков Брест за место на Ф4 од 20:15 часот.

СЕХА лига, 2021/22, четвртфинале:

14 август, 19:45, Веспрем – Татран Прешов
17 август, 16:00, Војводина – Загреб
23 август, 20:15, Вардар – Нексе
25 август, 20:15, Еурофарм Пелистер – Мешков Брест