Потврдата утре: Томовски и Серафимов ќе и дадат поддршка на Македонија од трибините!

Машката македонска репрезентација на Македонија утре го игра првиот натпревар на Европското првенство во Австрија, а ривал ќе биде селекцијата на Украина.

Иако првичните информации говореа дека Горан Крстевски и Мартин Серафимов нема да бидат во ростерот за утрешниот меч, сепак него ќе го пропуштат Серафимов и голманот Мартин Томовски, а средниот бек Крстевски ќе биде во ростерот.

Вечерва на технички состанок треба да биде потврдена информацијата за ростерот, а утре најдоцна до 9:00 часот наутро може да се направи евентуално последната промена.

Натпреварот меѓу Македонија и Украина се игра утре во 20:30 часот во „Штадхале Арена“.