Постигнаа 99 гола на Куп натпревар!

Во натпревар од втората рунда на Купот на Германија, во кој се сретнаа две екипи од Втората лига, беа постигнати 99 погодоци!

Мечот меѓу Хам Вестфален и Постдам заврши со триумф на домашните со 50-49, откако во регуларниот дел беше 39-39.

Мораше да се играат продолженија, а во првото од нив одново беше нерешено 5-5, односно 44-44, па следуваше уште едно.

Тоа го доби домашниот тим со 6-5 и обезбеди пласман во третата рунда од Купот на Германија, односно меѓу најдобрите 32 екипи.

На Постдам не му помогна тоа што го имаше најдобриот стрелец на мечот, Мориц Заутер кој даде 16 гола.