Постигнаа 108 гола за 60 минути, Металург РА го совлада Металург

Младинските состави на Металург РА и Металург одиграа натпревар за историјата откако постигнаа дури 108 гола, а средбата заврши со резултат 55:53.

Металург РА дојде до триумф на овој дуел на натпреварот во кој буквално повеќе се мислеше на противничкиот гол отколку што се играше во одбраната.

Уште во првите 30 минути имаше 57 погодоци, а Металург РА водеше со 29:28. Во продолжението од натпреварот само се продолжи во ист стил така што на крајот беа запишани бројки за историја.

Во тимот на Металург РА имаше дури тројца со двоцифрен број на голови, а уште еден играч имаше девет гола. Во Металург, првотимецот Субашевски ги предводеше колегите и постигна речиси пола од головите на својот тим. Имаше 25 погодоци.

МЕТАЛУРГ РА – МЕТАЛУРГ        55:53 (29:28)

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Драган Начевски и Матеј Николов од Скопје. Делегат: Бобан Мајнов од Скопје.

МЕТАЛУРГ РА: Ангеловски, Божиновски 10, Костовски 2, Гилев 1, Ангелевски 9, Таневски 3, Стојчевски 11, Васовски 1, Ѓорѓиевски 11, Филиповски 7.

Седмерци: 1/3, Исклучувања: -.

МЕТАЛУРГ: Петковски 6, Блажевски 6, Субашевски 25, Аксентиев 3, Бардаковски 10, Брестовац, Ѓорѓиев 3.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 6 мин.