После 11 месеци Полска одигра натпревар, но загуби од Алжир

Репрезентациите кои се подготовуваат за Мундијалот во Египет веќе почнаа и со кнтролни средби, а селекцијата на Полска после 11 месеци од последниот натпревар ги одмери силите со Алжир и загуби со 23:26.

И двете селекции не беа комплетни. Недостигаа ракометарите кои се дел од првенствата каде уште се игра така што ова беше можност за селекторите на двете репрезентации да проверат и други ракометари на кои ќе може да сметаат на Светското првенство.

Во првото полувреме резултатот беше нерешен, 12:12, а потоа следуваше подобра игра од Алжирците кои на овој натпревар го немаа Калифа Гедбан.

За селекцијата на Полска, настапи ракометарот на Вардар, Патрик Валчак, а тој на овој дуел постигна само еден погодок. Инаку, тој е единствениот ракометар во Полска кој е допатуван од оние кои настапуваат надвор од земјата.

Составот на Полска после цели 11 месеци игра натпревар така што очигледно долгата пауза има оставено трага во формата на ракометарите.