Последната минута од битолската драма: Како Еурофарм Пелистер се извлече од бездна (ВИДЕО)

Екипите на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 одиграа без победник, 28:28, во натпревар од 3. коло од Суперлигата.

Вториот тим на битолчани имаше и напад за победа, но составот на Еурофарм Пелистер се спаси од пораз и се избори за многу важен бод.

Иако избраниците на Александар Јовиќ на минута пред крајот имаа два гола разлика, 28:26, сепак, капитенот на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ погоди за 28:27, а потоа следуваше грешка на средниот бек Мартин Ивановски.

На дваесетина секунди пред крајот кружниот напаѓач Василев беше ефикасен за 28:28.

Од братското дерби останаа уште десетина секунди, во кои младите „фармацевти“ немаа доволно време за да направат комплетна сензација.

Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер 2 беше Петар Атанасијевиќ со седум погодоци. Одлична партија имаа и Мартин Ивановски со шест погодоци и Павле Петровиќ со пет гола. Кај Еурофарм Пелистер прв стрелец беше капитенот Мирко Радовиќ со девет гола.

СЕНЗАЦИЈА: Еурофарм Пелистер се спаси од пораз од вториот тим на битолчани