Португалска свирка за Вардар

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 9 коло во Лигата на шампионите.

Ракометарите на Вардар му гостуваат на Кил во Германија, а овој двобој ќе го судат португалски арбитри.

Станува збор за Даниел Акото Мартинс и Роберто Акото Мартинс, додека делегат ќе биде Швеѓанецот Петер Олсон.

Натпреварот меѓу Кил и Вардар се игра утревечер во „Вундерино Арена“ со почеток во 20:45 часот.