Португалија лесно до триумф против Тунис

Репрезентацијата на Португалија ја совлада селекцијата на Тунис со 34:27 во првиот натпревар од групата 2 од олимписките квалификации која се игра во Монпелје, Франција.

Португалија имаше одличен старт на натпреварот кога поведе со 7:2 и во продолжение успешно го контролираше резултатот. До крајот на првите 30 минути ја задржа предноста за водство од 15:11 на полувреме.

Португалците имаа целосна контрола на натпреварот, сите обиди на Тунис без проблеми ги одбија и рутински одиграа до крај. Португалија ќе има вистински предизвик на следните натпревари против Хрватска и Франција за пласман на ОИ.

Најефикасен во составот на Португалија беше Андре Гомеш со седум погодоци, а по три гола постигнаа Итуриза, Мартинс и Салина. За составот на Тунис Усама Буганми беше прв стрелец со пет погодоци.