Порто плати 150.000 евра за играч од најголемиот ривал

Екипата на Порто каде што настапува репрезентативниот голман на Македонија, Никола Митревски, го потврди потписот со левиот бек на Спортинг, Педро Валдес.

Кубанецот Валдес сакаше да си замине од Спортинг бидејќи клубот му ја намали платата, а Порто ја плати клаузулата од договорот која изнесува 150 илјади евра за раскинување на договорот со Спортинг.

Валдес изминатата сезона беше најдобар играч на Спортинг и на 46 натпревари постигна 197 гола и потврди дека се работи за многу квалитетен играч.

Спортинг сезоната ја заврши на втората позиција на табелата зад Порто кој ја освои шампионската титула. Исто така Порто го освои и Купот на Португалија со што ја потврди доминацијата со освојување на двојната круна.