Порто играше во чест на Кинтана, го реши Елверум и скокна на 5. место

Ракометарите на Порто дојдоа до победа над Елверум со 38:31 и на тој начин освоија два бода со кои се искачија едно место погоре во Групата А од Лигата на шампионите.

Играјќи во чест на почитаниот голман, Алфредо Кинтана, ракометарите на Порто му оддадоа голема почит на својот соиграч. Од почетокот на средбата тргнаа решително за да дојдат до бодовите на овој натпревар и тоа и го исполнија.

После првите 30 минути Порто веќе го имаше решено овој дуел бидејќи успеа да стигне до пет гола разлика. Водеше со 16:11 и успеа овие пет гола да ги донесе и до плус седум при 25:18 (42. минута).

Од овој момент до крајот на средбата дојде до опуштање. Елверум дојде до 26:28, но тогаш Порто засили и до крајот веќе немаше дилеми кој победув денеска на овој дуел. Лесно се дојде до нова висока предност, а на крајот конечниот резултат изнесуваше 38:31 што беше и повеќе од доволно за победа.

Момците од Порто кои на голот го имаа Никола Митревски одиграа одличен натпревар во чест на Кинтана, а на дресовите сите го носеа неговото име. Митревски заврши со десет одбрани, додека најефикасни со по седум гола беа Итуриза и Ареја. Во Елверум седум гола имаше Солстад.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140