Поранешен тренер на Пелистер ќе води тим од Кувајт

Поранешниот тренер на Пелистер, Ратко Ѓурковиќ во следната сезона ќе има нов предизвик и ќе седне на тренерската клупа на клубот Ал Кураин од Кувајт.

Црногорскиот тренер од 2019 година го водеше унгарскиот тим Орошази. Сепак, клубот оваа сезона заврши на последното место во унгарскиот шампионат, а Ѓурковиќ иако на своја адреса имаше понуди од неколку европски клубови, сепак се одлучи за поинаков предизвик.

Во својата кариера бил и помошник тренер на Касим Каменица во репрезентаццијата на Црна Гора, а има работено и со младинските селекции во земјата. Во играчката кариера го носеше дресот и на Ловќен, Партизан, Бидасоа Ирун, ПИК Сегед, Металопластика и Босна Сараево.

Во Македонија во 2011 година краток период го водеше составот на Пелистер. Од Пелистер кариерата ја продолжи во грчкиот Орми Патрас со кој стана вицешампион на Грција.