Поранешен тренер на Вардар го презема полскиот шампион

Поранешниот тренер на ЖРК Вардар, Ким Расмусен, кој имаше кратка авантура во Скопје, ќе има нов предизвик во кариерата.

Откако неславно ја заврши и селекторската работа во Унгарија, тој го презема полскиот шампион во женска конкуренција Лублин.

Тоа веројатно значи дека Расмусен се враќа и како селектор на Полска, со која своевремено бележеше добри резултати.

Претходно ги водеше тимовите на романскиот ЧСМ Букурешт, со кој стана европски првак и данските Роскилде и Ставстен.