Поранешен селектор ќе биде нов тренер на ГА КЛ7

Тимот на ГА КЛ7 во новата натпреварувачка сезона во прволигашкото друштво ќе има нов предводник со кој ќе се обиде експресно да се врати во ракометната елита. Скопскиот тим најавува дека следната сезона ќе бидат подеднакво силни и конкурентни, па и некои засилувања со кои ќе продолжи ракометната приказна на создавање ракометари и репрезентативци.

Управата на клубот се во завршна фаза на преговорите со поранешниот селектор на кадетската репрезентација и дел од стручниот штаб на сениорите, Никола Матлиевски. Стружанецот по прекинот на соработката со составот на Пролет, не работеше во друг клуб, но се враќа на жешката тренерска клупа уште летово.

По завршување на сезоната ГА КЛ7 веднаш се фати за работа за да може да се обезбедат услови за брзо враќање. Клубот бара тренер кој нема само да биде предводник на првиот тим туку истовремено ќе ја координира и ќе учествува во работата на младите категории.

Претходно Матлиески беше предводник на Металург 2, а беше селектор и на кадетската репрезентација на Македонија. Беше дел од стручниот штаб на Данило Брестовац на претходните ЕП и СП на кои настапи Македонија. Со екипата на Пролет имаше добри резултати, но сезонава тимот влезе во серија на порази по што дојде до раскин на соработката.

Тимот на КЛ7 кој за една сезона влезе во Супер лигата, и до последното коло беше во игра за играње бараж има тим кој ако остане заедно ќе биде повторно конкурентен за брзо враќање.