Поранешен македонски шампион сезоната ја заврши без освоен бод

Некогашниот шампион на Македонија, екипата на Борец, која се натпреварува во Првата лига, натпреварувачката сезона 2022/23 ја заврши без ниту еден освоен бод.

Борец на последниот натпревар од плеј-аут групата во прволигашката конкуренција беше поразен на гостувањето во Гостивар кај Јехона со 43:21.

Јехона, која на овој дуел беше предводена од Ерлис Селмани и Новица Михајловски, одигра рутински, немаше многу проблеми против недоволно мотивираниот Борец, кој капитулираше уште во првиот дел.

Ракометарите на Фари Селмани одиграа според договореното, ги казнуваа грешките на ривалот, на пауза заминаа со десет гола разлика, 20:10, додека во вториот дел успеаја да ја зголемат разликата и да остварат убедлив триуф.

Најефикасен на натпреварот беше Ерлис Селмани со 11 погодоци, неговиот колега Новица Михајловски имаше девет реализации во голот на гостите.

Кај Борец предводник беше Душан Крстески со шест погодоци, пет додаде Марко Ангелов.