Поранешен играч на Повардарие и Јехона го презема тимот на Вучитрн

Некогашниот член на Повардарие и на Јехона, и еден од најдобрите ракометари од Косово, Арбен Муколи е нов стратег на тимот на Вучитрн.

Муколи по завршувањето на играчката кариера, работеше долго време во составот на Беса Фамгас, од каде што замина во Пеќ, а ја извршува селекторската функцијата во младинската селекција на Косово.

Вучитрн во првите две кола загуби од Кастриоти и Раховеци, а сега им следува дерби натпревар против Приштина, на кој ќе дебитира Муколи.

Македонскиот стратег Андон Бошковски кој ненадејно почина минатиот викенд беше на клупата на Вучитрн од минатата сезона кога од Втората лига го внесе тимот во елитата.