Поранешен играч на Еурофарм Пелистер, нов соиграч на Димитриевски во Синфин

Составот на Синфин од Шпанија носи нов ракометар пред стартот на завршниот дел со цел да се обезбеди опстанок, а во клубот пристига поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Владислав Остроушко.

Украинецот кој во последните неколку месеци играше за Ал Рајан каде до пред неколку недели за тренер го имаше Звонко Шундовски, сега ќе се обиде да дојде до израз во Асобал лигата.

Со своите 202 сантиметри тој ќе биде одлично засилување за Синфин, тим кој не може никако да влезе во добра серија и сигурно ќе биде и добро засилување и за одбраната.

Станува збор за играч кој има 35 години и од кого се очекува да биде главен шутер во тимот. Инаку, се очекува во следните неколку дена да го потпише договорот со тимот на Синфин.

Во својата кариера Тој го носеше дреост на тимовите на Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), Мешков Брест (Белорусија), Динамо Минск (Белорусија), Запорожје (Украина), Сантк Петербург (Русија), Минаур Баја Маре (Романија), Азоти Пулави (Полска) и Ал Рајан (Катар). Со тимот на Еурофарм Пелистер играше и во Лигата на шампионите.

Сега во тимот на Синфин тој ќе биде соиграч со интернационалецот од Македонија, Дарко Димитриевски.