Поранешен бомбардер на Вардар и Металург кариерата ќе ја продолжи во Израел

Иако беше најавено дека Александар Стојановиќ оваа сезона ќе ја одигра во српскиот второлигаш Врање, сепак во последен момент имаше промена на планот.

Поранешниот бомбардер на Вардар и Металург се реши да замине во Израел и потпиша договор со тимот на Бнеи Херцлија.

Десниот бек потекнува од Јагодина, беше дел од Врбас и Црвена Ѕвезда пред да дојде во Вардар, а потоа заигра и во Автокоманда.

Настапуваше за словенечките Цимос Копер и Целје, а најдолго време се задржа во Кадетен Шафхаузен, седум сезони.

Пред да се врати во татковината играше за турската Анталија и унгарскиот Балмазујварош, а потоа беше дел од Железничар и Партизан.