Поради ураган им го одложија летот, па заглавија во Истанбул

Ракометарите на Минск СКА останаа неколку дена повеќе во Истанбул каде што го играа натпреварот од Европскиот куп против Бешикташ, па дури денеска се вратија во Белорусија.

Причината поради која играчите на тимот од Белорусија мораа да останат во Турција беше ураганот кој се појави во Истанбул. Летовите беа откажани, па затоа ракометарите мораше да останат во Турција една ноќ повеќе.

Непредвидливите околности беа причина и за одлагање на натпреварот против БСУФК-СКА во првенството на Белорусија, а реваншот против Бешикташ ќе биде одигран на 5 декември во Минск.

Првиот дуел заврши со победа на Бешикташ од 28:25.