Поради проблеми со срцето може предвреме да ја заврши кариерата

Десното крило на норвешката репрезентација, Ларсен Малин поради проблеми со срцето не настапи на првиот натпревар од Лигата на шампионите во дресот на ЧСМ Букурешт и според информациите од романските медиуми под знак прашалник е нејзиното појавување на ракометните терени.

Од романскиот медиум „Диги Спорт“ шпекулираат дека Малин би можела да дебитира во дресот на ЧСМ Букурешт дури во декември, односно по завршување на Светското првенство во Шпанија.

Норвежанката игра на позиција десно крило, а моментално на таа позиција во романскиот тим настапува репрезентативката на Шпанија, Кармен Мартин. Стручниот штаб на ЧСМ Букурешт во наредниот период треба да најде решение за настанатата ситуација.

25-годишната ракометарка во романската престолнина пристигна од актуелниот шампион на Европа, Вајперс Кристијансад. Пред да потпише за ЧСМ Букурешт, Малин имаше неколку понуди од помоќни клубови, но таа го одбра романскиот тим.

Пред неколку седмици, Емили Сандо, сонародничката и репрезентативна колешка на Малин, беше исклучена од германскиот тим, Битигхајм поради проблеми со срцето.