Поради корона вирусот, Вардар – Монпелје ќе се игра пред празни трибини?!

Во моментов во тек е седницата на Владата на Република Македонија, на која треба да се дискутира по предлогот на Министерот за здравство, Венко Филипче, за забрана на сите јавни собири во државата како превентива од ширење на коронавирусот.

Доколку се усвои предлогот тоа значи дека сите спортски натпревари или ќе бидат одложени или ќе се играат без публика.

Филипче најави дека предложил до Владата сите јавни собири да бидат забранети во период од една седмица, без разлика дали се на отворен или затворен простор, а тука се вклучени и спорските натпревари.

„Нашиот предлог е да се забранат сите јавни собири каде има голема бројка на граѓани без разлика дали се во затворен или отворен простор. Сметам дека треба да се откажат сите големи јавни собири вклучително и спортските натпревари“, рече Филипче и додаде дека предлогот е забраната да важи една недела и потоа доколку има потреба да се одлиучи дали ќе биде продолжена.

Кога се работи за ракометот, викендов треба да бидат активни и суперлигашите, и женските тимови како и прволигашите во Купот на Македонија, а има натпревари и во младинските лиги на РФМ.

Доколку се донесе оваа одлука на седницата на Владата, дуелот од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Монпелје, кој е многу важен за „црвено-црните“ нема да биде одложен, туку ќе се игра пред празни трибини во СЦ „Јане Сандански“.

За еден час ќе бидат познати сите детали.